ноември 15, 2023

Крводарителски акции по повод 13 Ноември

По повод одбележувањето  на Денот на ослободувањето на градот Скопје,  на 13 ноември, традиционално во Дневниот центар за дарување на крв во ДХО „Даре Џамбаз“ се реализира крводарителска акција. Акцијата беше реализирана преку заедничка соработка на Црвениот крст на РСМ-Општинска организација Карпош, Црвениот крст на град Скопје и Институтот за трансфузиона медицина и во периодот од 08:00 до 17:00 часот крв даруваа 66  граѓани меѓу кои и вработени од ТЦ „Рамстор“ во Скопје.  Истиот ден се одржа уште една крводарителска акција во Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“-Скопје на која крв даруваа 12 вработени од болницата.

 

< врати се назад