
април 30, 2021
Крводарителски акции со средношколска младина
Црвен крст на Република Северна Македонија-Општинска организација Карпош во соработка со Институтот за трансфузиoна медицина на 21 и 27 Април 2021 година реализира по една крводарителска акција во Средните училишта “Здравко Цветковски”, “Орце Николов” и “Никола Карев” во Скопје
На трите крводарителски акции кои се одржуваа во периодот од 10:00 до 14:00 часот крв даруваа 62 ученици од IV-та година.
За време на акцииите беа почитувани сите протоколи и заштитните мерки за превенција од ширењето на коронавирусот–КОВИД 19.



































