
Крводарителски акции со студентска популација и граѓанство
Во спроведување на Кампањата за организирање на крводарителски акции преку мотивирање и вклучување на студентската популација, Црвен крст на Република Северна Македонија-Општинска организација Карпош во соработка со Институтот за трансфузина медицина на 24 Декември 2020 година реализира вонредна крводарителска акција.
На акцијата која се спроведе во периодот од 10:00-16:00 часот во просториите на Општинската организација Карпош својата хуманост на дело со дарување крв ја потврдија 15 студенти од Машинскиот и Факултетот за информатичка технологија.
Со примена на сите мерки и безбедносни протоколи за заштита од коронавирусот, преку одржување на физичко растојание и носење лична заштита, крводарителска акција се одржа и на 26 Декември 2020 година во Приватната здравствена установа ,,Азура,, на која крв даруваа 13 граѓани од урбаната заедница ,,Даме Груев,, во општина Ѓорче Петров.




































