
Крводарителски акции во Клиничка болница ,,Аџибадем Систина,, – Скопје и Полициска станица Карпош
Црвен крст на Република Северна Македонија-Општинска организација Карпош во соработка со Клиничката болница „Аџибадем Систина“ – Скопје и Институт за трансфузиона медицина на 13 Мај 2020 година успешно организираа и реaлизираа уште една крводарителска акција. Ова е втора крводарителска акција која се организираа оваа година. На почетокот на месец февруари оваа година се реализираше најмасовната акција досега во која учествуваа близу 200 вработени.
Во акцијата учествуваше и претседателот на Одборот на директори на Клиничката болница „Аџибадем Систина“, господинот Јордан Камчев.

За време на акцијата беа дарувани 48 единици крв, а се почитуваа сите мерки и безбедносни протоколи за комплетна заштита од коронавирусот, преку одржување на физичко растојание и задолжително носење лична заштита . Поради зголемените потреби на крв во овие кризни периоди во текот на мај се најавува уште една крводарителска акција во „Аџибадем Систина“.

Еден ден претходно на 12 Мај 2020 година се одржа крводарителска акција и во просториите на полициската станица Карпош на која својата хуманост на дело ја потврдија 10 полициски службеници.




































