јули 24, 2022

Крводарителски акции во летен период

Црвен крст на Република Северна Македонија-Општинска организација Карпош во соработка со Институтот за трансфузиона медицина во јули 2022 година спроведе две крводарителски акции.

На 20 и 21 јули во периодот од 09:00 до 14:00 часот, крводарителски акции се одржаа во Домот на културата „Ѓорче Петров“ и во Автобазата на ЈСП Скопје во „Ѓорче Петров“ на кои беа обезбедени 31 крвни единици. На акциите се придружи и градоначалникот на Општина „Ѓорче Петров“, кој го истакна значењето на крводарувањето и упати апел до сите граѓани да бидат хумани и да даруваат крв.

< врати се назад