април 10, 2023

Крводарителски акции во Универзитет за туризам и менаџмент и компанијата М-Кеш

По повод одбележување на Светскиот ден на здравјето,  Црвен крст на РСМ-Општинска организација Карпош  во соработка со  Институтот за трансфузиона медицина на  6 и 7 април 2023 година реализира две крводарителски акции. На 6 април 2023 година, крводарителска акција се реализира во Универзитетот за туризам и менаџмент на кој крв даруваа 15 вработени и студенти,  а на 7 април и во просториите на дирекцијата на приватната компанија М-кеш на која крв даруваа 8 вработени.

< врати се назад