јуни 15, 2021

Крводарителски акции за млади во месец мај и јуни 2021

📌ЦКРСМ-Општинска организација Карпош во соработка со Институтот за трансфузиона медицина во месец мај и јуни 2021 година организираше пет крводарителски акции за помладата популација. Три од акциите беа за студентите од Машинскиот факултет, Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство и Факултетот за електротехника и информациски технологии.
📌Крводарителските акции се одржаа на 01, 02 и 03 јуни 2021 година, секој ден од 10 до 14.00 часот во читалната на ФЕИТ, и на истите крв даруваа 39 крводарители.
📌Дополнително на 26 мај и 02 јуни 2021 година се одржаа уште две крводарителски акции, една во објектот на ЦКРСМ-ОО Карпош и една во Центарот за дарување на крв во ДХО „Даре Џамбаз“, на кои крв даруваа 37 крводарители.
📌За време на активностите беа почитувани заштитните мерки за спречување на ширењето и превенција од коронавирусот – КОВИД 19. Во реализацијата на акцијата поддршка дадоа и волонтерите од Клубот на млади на ЦКРСМ-ОО Карпош.

< врати се назад