
декември 10, 2023
Крводарителски акции за студенти
Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Карпош во соработка со Институтот за трансфузиона медицина реализираше две крводарителски акција за студентите и вработените од факултетите во кампусот во населбата Карпош 2 во Скопје.
Крводарителските акции беа реализирани на 05 и 06 декември 2023 година од 10 до 15 часот во просториите на Факултетот за електротехника и информациски технологии. На акцијата крв даруваа вкупно 66 крводарители. Со цел поддршка во спроведувањето на акцијата беа вклучени 5 волонтери од Клубот на млади.




































