
октомври 16, 2025
Крводарителски акции со средношколска младина
Црвениот крст на РСМ–Општинска организација Карпош во соработка со Институтот за трансфузиона медицина и средните училишта „Георги Димитров“ и „Здравко Цветковски“ организираа и реализираа 2 крводарителски акции.
На двете акции кои се се одржаа на 15.10.2025 година во просториите на училиштата беа пријавени над 70 ученици и во периодот од 09 до 14 часот крв даруваа 50 лица.
На крводарителските акции им претходеа 5 врснички едукации за крводарителство со кои беа опфатени 120 ученици од 3-та и 4-та година кои имаа можност да се информираат и да се стекнат со основните познавања за крводарителството и процесот за дарување на крв.




































