
јули 1, 2025
КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ ЗА СТУДЕНТИ
Црвениот крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Карпош во соработка со Институтот за трансфузиона медицина реализираше две крводарителски акции за студентите и вработените од Кампусот – факултети во населбата Карпош 2 (ФЕИТ, МФС, ФИНКИ и ТМФ).
Крводарителските акции беа реализирани на 09 и 10 јуни 2025 година од 10 до 15 часот во просториите на Факултетот за електротехника и информациски технологии. На двете акции, вкупно даруваа 19 крводарители.





































