
јуни 15, 2022
Курс по албански јазик во рамки на ЦКА-ПХВ програмата
Во рамки на програмата Црвен крст во акција – Промоција на хумани вредности – ЦКА-ПХВ 2022 година, една од 6те формирани групи од Црвен крст на РСМ – Општинска организација Карпош составена од ученици од СУГС „Сарај“ – Скопје, во текот на месец мај 2022 година спроведе курс по албански јазик за членовите и волонтерите на Клубот на млади на ЦКРСМ-ОО Карпош.
Курсот беше реализиран од страна на група составена од 5 ученици преку одржување на осум едукативни часови, на кои, 15 членови и волонтери на Клубот на млади имаа можност да се запознаат со албанската азбука, именувањето на животните, именувањето на предмети од секојдневието, броевите. Беа посочени и основните насоки за правилно читање на зборовите.
Курсот се одржа на отворено, со физичко присуство во Рекреативниот парк во Сарај и Градскиот парк во Скопје. Активностите беа реализирани со исклучително взамено задоволство и конструктивна соработка помеѓу младинците.



































