април 30, 2021

Квиз на тема крводарителство

 На ден 26 април 2021 година учениците од СУГС „Никола Карев“ реализираа квиз на знаење од областа на крводарителството. Целта на квизот е да се проверат знаењата кај учениците за разни сегменти поврзани со процесот на крводарување и да се освежат знаењата.

Прашањата за квизот беа подготвени од страна на учениците – членови на ученичката заедница, а во консултација со Црвен крст на РСМ-ОО Карпош и истите беа објавени на профилот на инстаграм на ученичката заедница. Во времетраење од 24 часа, квизот го одговориле 120 млади лица – следбеници на профилот.

< врати се назад