декември 4, 2023

Квиз од областа на крводарителство за средношколска популација

Црвениот крст на РСМ – Општинска организација Карпош во текот на месец октомври и ноември 2023 година реализираше врснички едукации од областа на крводарителството наменети за учениците од средните училишта.

Од страна на тројца обучени едукатори/мотиватори за крводарителство реализирани се вкупно 13 едукации со опфатени 306 ученици од трета и четврта година од 5 средни училишта.

Во рамки на едукациите, за 89 ученици од СУГС „Орце Николов“ во месец ноември 2023 година беше спроведен анкетен прашалник за познавањето на основните информации од областа на крводарителството и потенцијалните можности да даруваат крв по прв пат.

 

< врати се назад