
септември 22, 2022
Квиз по прва помош 2022
Клубот на млади на Црвен крст на РСМ – Општинска организација Карпош по повод Одбележување на Светскиот ден на првата помош спроведе квиз за проверка на елементарните познавања од областа на првата помош како животоспасувачка вештина.
Квизот беше реализиран на онлајн платформа на 18 септември 2022 година преку пополнување на специјално подготвен прашалник. Во квизот учествуваа 23 членови и волонтери од Клубот на млади.
Тројцата најбрзи учесници со најголем број точни одговори Андреа Митрулова, Ања Велковска и Амела Кроси добија симболични награди – кутија за прва помош за во моторно возило и прирачник за прва помош за возачи.



































