септември 22, 2023

Квиз по прва помош за членовите и волонтерите од Клуб на млади

Во рамки на активностите за одбележување на Светскиот ден на прва помош, Клубот на млади на Црвен крст на РСМ-Општинска организација Карпош спроведе квиз за проверка на елементарните познавања од областа на првата помош. На квизот кој се спроведе на онлајн платформа, со пополнување на наменски подготвен прашалник учествуваа 22 членови и волонтери од Клубот на млади, а за тројца од нив со најголем број точни одговори им беа доделени симболични награди-кутија и прирачник за прва помош за возачи.

< врати се назад