септември 21, 2021

Квиз за основни познавања од областа на првата помош

,,Натпреварот беше интересно искуство и овозможи да го проверам своето знаење од областа на прва помош. Најубавото чувство беше додека ги одговарав прашањата и бев сигурен дека се точни. Се надевам дека ќе има ваков квиз повторно и овој пат со потешки прашања.”
-Матеј Плавевски, средношколец и волонтер во Црвениот крст
 
Матеј Плавевски е ученик во средното училиште ,,Јахја Кемал’’ Скопје, неговите интереси се многубројни и се движат помеѓу програмирање и читање книги со жанр од научна фантастика. Тој своето слободно време го поминува и волонтирајќи во Црвениот крст од 2017 година.
 
По повод одбележување на Светскиот ден на прва помош, на иницијатива на Клубот на млади на Црвен крст на РСМ – Општинска организација Карпош се реализираше Квиз за основни познавања од областа на прва помош за волонтерите и членовите на Клубот на млади.
 
Квизот се реализираше на ден 16 септември 2021 година преку електронската платформа Google Forms и истиот беше пополнет од 24 волонтери и членови на Клубот на млади на ЦКРСМ-ОО Карпош. За учесниците кои освоија прво, второ и трето место според вкупниот број поени беа поделени кутии со материјал за прва помош и прирачници.
Наградени волонтери од Клубот на млади се:
Матеј Плавевски
Арзу Исмаили
Лука Станковиќ
 
Од сите пополнети прашалници, точно одговорени беа 60% од вкупниот број на одговори и резултатите добиени од Квизот ќе послужат во поттикнување за идни активности и обуки од областа на прва помош за потребите на Клубот на млади на ЦКРСМ-ОО Карпош.
 
 
 
 
 
 
 
 
 
< врати се назад