октомври 14, 2020

Квиз за прва помош по повод Одбележувањето на Светскиот ден на првата помош

По повод Светскиот ден на првата помош кој се одбележува секоја година на 14 септември, за време на едномесечната кампања, на ден 06 октомври 2020 година Клубот на млади на Црвен крст на РСМ – ОО Карпош реализираше Квиз за прва помош со мотото ,,Првата помош спасува живот – Прва помош за време на пандемија“ за волонтерите и членовите на Клубот на млади.

На Квизот се вклучија 22 волонтери кои имаа можност  да го проверат и збогатат своето знаење во областа прва помош. За тројцата победници со најмногу поени беа поделени три сетови за прва помош за во автомобил и прирачници за прва помош.

Голема благодарност до сите млади волонтери и членови кои се вклучија во оваа активност.

< врати се назад