
Квиз за вирусот КОВИД 19 преку проектот ,,ХУМАНКО” на Клубот на млади
На ден 07 ноември 2020 година со почеток од 10:00 часот преку електронската платформа – ZOOM се реализираше активност на проектот Хуманко на Клуб на млади на Црвен крст на РСМ-ОО Карпош.
На активноста присуствуваа вкупно 19 учесници од кои 9 беа учесници од целната група на проектот, 2 родители на целната група на проектот и 8 волонтери.
Со цел повторување на знаењата и разгледување на новите информации поврзани со коронавирусот – COVID 19 се организираше Квиз за повторување на знаењата околу вирусот.

За време на активноста атмосферата беше позитивна. Учесниците имаа можност на забавен начин да го збогатат своето знаење и да се потсетат околу важноста за грижата за своето здравје.



































