август 21, 2026

Летна крводарителска акција во просториите на ЦКРСМ – ОО Карпош

Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организција Карпош во соработка со Институтот за трансфузиона медицина на 19 август 2026 година реализираа летна крводарителска акција.

Акцијата се реализираше во рамки на Летната програма на Клубот на млади и волонтерите активно се вклучија во подготовката, реализацијата и евалуацијата на крводарителската акција.

Крводарителската акција се реализираше во периодот од 15 до 20 часот и истата ја посетија 81 лице, од кои 60 даруваа крв.

< врати се назад