
Летна програма на Клубот на млади 2022
Во периодот јуни – септември 2022 година Клубот на млади на Црвен крст на РСМ-Општинска организација Карпош спроведе неколку активности во рамки на летната програма за нови волонтери.
-поставување на линк за пријавување на нови волонтери, на кој се пријавија 7 младинци
-реализирање на индивидуални информативно-ориентациски интервјуа со 11 младинци, од кои 8 се вклучија во активностите на Клубот на млади
-реализирање на дисеминациско-ориентациска сесија за 5 младинци
-вклучување на нови волонтери во делењето вода на случајни минувачи како одговор на топлотниот бран
-еднодневна обука по прва помош за 11 волонтери
-спроведување дводневен престој со шатори со цел унапредување на примената на принципите и вредностите на тимската работа за 13 волонтери
-како специфична и интересна активност беше едночасовната средба со млад волонтер од Црвениот крст во градот Париз, Франција




































