ноември 5, 2026

Меѓународното училиште и градинка „ИПС Македонија“ ООУ„Братство“ и ООУ„Петар Поп Арсов“ ја одбележаа Недела на борба против гладта

Црвениот крст на РСМ – Општинска организација Карпош по повод Неделата на борба против гладта спроведе хуманитарни акции во воспитно – образовните институции.

Меѓународното училиште и градинка „ИПС Македонија“ ООУ„Братство“ и ООУ„Петар Поп Арсов“ во периодот од 12 до 31 октомври 2026 година преку хуманитарни акции за учениците, родителите и вработените собраа 573,59кг. прехранбени и хигиенски производи. Од собраните производи се подготвуваат пакети, кои ќе се наменат за лица во социјален ризик. Честитки за покажаната хуманост и поддршка која многу им значи на оние кои им е најпотребно.

< врати се назад