јули 8, 2021

Младинска еколошка акција

На 04 јули 2021 година Клубот на млади на Црвен крст на РСМ – Општинска организација Карпош организираше и спроведе еколошка акција за чистење и уредување на дворот на објектот на ОО Карпош. Активноста се реализираше на иницијатива на членовите и волонтерите од Клубот и во истата се вклучија 10 волонтери кои остварија 41 волонтерски час.
 
Согласно временските услови, акцијата беше реализирана во раните утрински часови, а за волонтерите беа обезбедени освежителни пијалоци. Активноста беше спроведена согласно заштитните мерки за заштита и превенција од коронавирусот Ковид 19.
 
 

< врати се назад