
Младите од СУГС „Георги Димитров“ даруваа крв
Црвениот крст на РСМ – Општинска организација Карпош во соработка со Институтот за трансфузиона медицина, на 22.10.2026г. реализираше крводарителска акција во СУГС „Георги Димитров“.
Акцијата помина во духот на хуманоста и солидарноста, при што 55 ученици и вработени ја покажаа својата општествена одговорност и ја посетија акцијата, а од нив 35 успешно даруваа крв.
На акцијата и претходеа 2 врснички едукации наменети за 57 ученици од III и од IV година за време на кои присутните се информираа за основните познавања од областа на крводарителството и процесот за дарување на крв.
Благодарност до сите крводарители, како и до училиштето за поддршката и соработката во реализацијата на оваа значајна активност.
Бесценети се оние нешта кои не можат да се купат а нивното дарување значи живот!







































