септември 14, 2020

Недела на борба против Туберкулоза (14-21 септември) Под мото Време е за свет без туберкулоза!

Црвениот крст на Република Северна Македонија  во периодот од 14 до 21 Септември ја одбележува Неделата на на борба против туберкулозата под мотото: Време е за свет без туберкулоза! со цел подигнување на јавната свест за важноста на општото здравје, социјалното и економско влијание на туберкулозата и поттикнување и забрзување на напорите за ставање крај на глобалната епидемија на туберкулозата..

Оваа година се одбележува  137-годишнината од објавата на д-р Роберт Кох во 1882 година за неговот откривање на ТБ бацил, причината за туберкулозата, а неговите пионерски истражувања го отворија патот кон дијагностицирање и лекување на оваа болест.

И покрај значителниот напредок во текот на последните  децении, туберкулозата (ТБ) продолжува да биде врвен заразаен убиец низ целиот свет а појавата на туберкулоза отпорна на лекови претставува голема опасност по здравјето и ризик за придобивките стекнати во напорите да се стави крај на туберкулозата. Иако глобалните напори за борба против туберкулозата спасија околу 58 милиони животи од 2000 до 2018 година, секојдневно над 4.000 луѓе го губат животот а близу 30.000 луѓе се разболуваат од оваа болест која  може да превенира и излекува. Туберкулозата се јавува во секој дел од светот. Најголем број на новозаболени случаи на ТБ има во регионот на  Југоисточна Азија, проследено во африканскиот регион и Западен Пацифик.

Во Република Севрна Македонија бројот на болни од туберкулоза и стапката на преваленца покажува трнед на постојано опаѓање и се вбројува во земјите со ниска стапка на инциденца од земјите во европскиот регион. Во 2019 година во Република Северна Македонија рeгистрирана е инциденца на активна туберкулоза од 9,6 на 100 000 жители  или 161 ново заболени лица, додека во 2013 година инциденцата изнесува 15,7 на 100 000 жители  или 323 новозаболени лица од туберкулоза.

Туберкулозата е предизвикана од бактеријата (Mycobacterium tuberculosis) која најчесто влијае на белите дробови. Се шири од човек на човек по воздушен пат, кога луѓето со ТБ кашлаат, киваат или плукаат тие исфрлаат бацили-микроби на ТБ во воздухот. Едно лице е потребно да вдише само неколку од овие бактерии за да биде заразено. Околу една четвртина од светската популација има латентна ТБ, што значи дека луѓето биле заразени со ТБ  бактерии но сеуште не се  заболени од оваа  болест и неможат да ја пренесат истата. Луѓето заразени со ТБ имаат 5-15% поголем ризик да заболат од туберкулоза. Лицата со компромитиран имунолошки систем, како што се лица кои живеат со ХИВ инфекција, неухранетост или дијабет или пак луѓе кои консумираат тутун имаат поголем ризик од заболување.

Кога некое лице развива активна  болест на ТБ, симптомите како (треска, кашлица, ноќно потење или губење на тежина) можат да бидат лесни-непрепознатливи неколку месеци. Ова може да доведе до доцна нега и да резултира со пренесување на бактериите на други луѓе. Луѓето со активна ТБ можат да заразат 5-15 луѓе преку близок контакт во текот на една година. Без соодветен третман, 45% од ХИВ негативните лица со ТБ  во просек и скоро сите лица со позитивни ХИВ наод ќе резултираат со смртен исход.

Но, социјално економската состојба поради невработеноста, сиромаштијата, стигмата, големиот број на хронични незаразни болести се фактори кои придонесуваат проблемот со туберкулозата во Република Северна Македонија и натаму да перзистира. Ова наметнува потреба од постојана активност од надлежните институции одговорни за контрола на болеста.

 Со цел за што поуспешна контрола на туберкулозата во Република Северна Македонија, намалување на ризикот од ширење на инфекцијата, особено онаа предизвикана од резистентни соеви на Mycobacterium tuberculosis, спречување на коинфекција меѓу туберкулозата со ХИВ инфекцијата, неопходно е да се превземат сите расположиви превентивни мерки кои придонесуваат за рано откривање и спречување на болеста. Сепак најдобра превентивна мерка е правилно и навремено лекување на секој болен од туберкулоза со што се прекинува ланецот на ширење на инфекцијата.

Преваленца на 100 000 жители во Република Северна Македонија 2010-2019 година

 

 

 Инциденца на 100 000 жители во Република Северна Македонија 2010-2019 година

< врати се назад