мај 26, 2026

Недела на хигиенизација, 08–15 април 2026

Согласно календарот на традиционални активности, Црвениот крст на Република Северна Македонија во периодот од 08 до 15 април 2026 година ја одбележува Неделата на хигиенизација под мотото „Хигиената – лична обврска за колективно здравје“. Промоцијата на хигиената претставува значаен дел од активностите за вода и санитација на Меѓународната федерација на друштва на Црвен крст и Црвена полумесечина, со цел унапредување на јавното здравје и спречување на заболувања поврзани со несоодветни хигиенски услови.

Според податоците на Светската здравствена организација, околу 1,7 милиони смртни случаи годишно се поврзуваат со небезбедна вода, несоодветна санитација и лоши хигиенски практики. Со подигнување на свеста и примена на добри хигиенски навики, секој поединец може да придонесе за создавање поздрава и побезбедна средина за сите.

< врати се назад