јануари 10, 2023

Новогодишна забава за деца и млади – проект Хуманко

Тимот за имплементација на проектот Хуманко на Клубот на млади на Црвен крст на РСМ – Општинска организација Карпош на ден 30 декември 2022 година организираше новогодишна забава за децата и младите од целната група на проектот Хуманко како завршна активност за 2022 година. На забавата беа присутни вкупно 32 лица – деца и млади и волонтери од Клубот на млади. За време на забавата присутните имаа можност да се дружат со Дедо Мраз и да добијат подароци од спроведената лотарија.

< врати се назад