
јануари 10, 2023
Новогодишни пакетчиња за деца и млади
По повод Новогодишните и Божиќните празници Црвениот крст на РСМ – Општинска организација Карпош во периодот од 03 до 09 јануари 2023 година обезбеди и подели 240 пакетчиња за деца и млади од семејства во ризик и деца и млади – целна група на проектот Хуманко на Клубот на млади.
Дел од новогодишните пакетчиња на 04 и 05 јануари 2023 година беа поделени од страна на Дедо Мраз преку директна посета на домовите на 73 деца и млади. Делењето на пакетчињата го извршија 9 волонтери од Клубот на млади.




































