
јули 1, 2025
Обезбеден училишен прибор за Детски дом „11 Октомври“ – Скопје
Црвен крст на РСМ-Општинска организација Карпош во периодот јануари – мај 2025 година активно се вклучува во националната програма „Црвен крст во акција – Промоција на хумани вредности“ преку која од целата земја околу 1200 младинци на возраст од 13 до 17 години во помали групи изработуваат мали проекти за придонес за добробит во заедницата.
Преку програмата, во ЦКРСМ – ОО Карпош се опфатени 39 ученици на македонски јазик и 24 ученици на албански јазик од 4 средни и 3 основни училишта. Младинците се групираа во 9 групи и успешно реализираа 9 проекти.
Проект „За посреќни училишни денови“ за обезбедување на училишен прибор за ЈУ Детски дом „11 Октомври“ – Скопје
- вклучени 6 ученици од СУГС „Кочо Рацин“
- остварени 260 волонтерски часа
- реализирана собирна акција во парк Ѓорче Петров
- собрани 4230 денари
- обезбедени 105 парчиња училишен прибор
- обезбедена поддршка за 18 лица
- анимирани над 100 лица од заедницата





































