октомври 28, 2022

Обезбедена опрема во рамки на проектот „Работна секција Хуманко“

Во месец март 2022 година Црвен крст на РСМ – Општинска организација Карпош започна со имплементација на проектот „Работна секција Хуманко“, проект одобрен и поддржан од Фондот за развој и проекти на Црвен крст на Република Северна Македонија за 2022 година и истиот ќе се спроведува во периодот од март до ноември 2022 година.

 

Целите на проектот планирано е да се постигнат преку спроведување на 2 работно-изложбени циклуси. Еден циклус предвидува подготовка на 250-300 рачни изработки, од страна на волонтерите и волонтерите – родители, кои понатака во организирани работилници ќе ги доработуваат заедно со целната група на проектот „Хуманко“. Готовите изработки, ќе бидат изложени на 2 четиридневни хуманитарни изложби преку поставување на брендиран мобилен вело-штанд на френкветна локација во месец јули и октомври.

 

Со цел успешно спроведување на хуманитарните изложби преку овој проект во изминатиот период се обезбеди специјално-наменска опрема:

-мобилен вело штанд

-полици за изложување на изработки

-дизајнирани касички за парични донации

-дизајнирани банери

-специјално креирани униформи

-специјално подготвен постер и негово печатење

< врати се назад