
ноември 27, 2023
Обезбедени 192 крвни единици во Алкалоид АД Скопје
По втор пат оваа година, под мотото “Дарувај крв, спаси живот”, Црвен крст на Република Северна Македонија-Општинска организација Карпош во соработка со Општинската организација Гази Баба, Институтот за трансфуизиона медицина и компанијата „Алкалоид“ – АД Скопје реализираше масовна крводарителска акција.
На акцијата која се одржа во просториите на Центарот за едукација на „Алкалоид“ во објектот Лафома – Ѓорче Петров, крв даруваа 192 вработени од компанијата. Меѓу крводарителите во голем број беа вработените кои имаат повеќебројни дарувања и кои ја продолжуваат долгата традиција на дарување крв, но и вработени од помладата генерација кои за првпат даруваа крв.
Со негување на традицијата на крводарителски акции, „Алкалоид“ АД Скопје ги потврдува својата заложба и посветеност за унапредување на корпоративната општествена одговорност.




































