јули 1, 2025

Обезбедени 4 инхалатори за ЈЗУ Институт за белодробни заболувања кај децата – Козле

Црвен крст на РСМ-Општинска организација Карпош во периодот јануари – мај 2025 година активно се вклучува во националната програма „Црвен крст во акција – Промоција на хумани вредности“ преку која од целата земја околу 1200 младинци на возраст од 13 до 17 години во помали групи изработуваат мали проекти за придонес за добробит во заедницата.

Преку програмата, во ЦКРСМ – ОО Карпош се опфатени 39 ученици на македонски јазик и 24 ученици на албански јазик од 4 средни и 3 основни училишта. Младинците се групираа во 9 групи и успешно реализираа 9 проекти.

Проект „ВЕРА“ за обезбедување на инхалатори за ЈЗУ „Институт за белодробни заболувања кај децата – Козле“ – Скопје

  • вклучени 6 ученици од ООУ „Вера Циривири Трена“
  • остварени 234 волонтерски часа
  • реализирана собирна акција во Градски парк – Скопје
  • собрани 7700 денари
  • обезбедени 4 инхалатори за Болница – Козле
  • обезбедена поддршка за 20 лица
  • анимирани над 150 лица од заедницата
  • мултиетничка димензија
  • долготраен ефект
< врати се назад