
јули 1, 2025
Обезбедени 4 сета опрема за деца и млади
Црвен крст на РСМ-Општинска организација Карпош во периодот јануари – мај 2025 година активно се вклучува во националната програма „Црвен крст во акција – Промоција на хумани вредности“ преку која од целата земја околу 1200 младинци на возраст од 13 до 17 години во помали групи изработуваат мали проекти за придонес за добробит во заедницата.
Преку програмата, во ЦКРСМ – ОО Карпош се опфатени 39 ученици на македонски јазик и 24 ученици на албански јазик од 4 средни и 3 основни училишта. Младинците се групираа во 9 групи и успешно реализираа 9 проекти.
Проект „Еднакви во разликите“, проект за поддршка на деца и млади кои се целна група на проектот „Хуманко“ на Клубот на млади на ЦКРСМ-ОО Карпош
- вклучени 6 младинци од СУГС „Здравко Цветковски“
- континуирана акција од 3 месеци
- остварени 523 волонтерски часа
- спроведени 5 повеќедневни хуманитарни собирни активности
- спроведен 1 хуманитарен базар со половна облека
- спроведен 1 собирна акција во Зоолошка градина – Скопје
- изработени и подарени 200 рачни изработки
- собрани 40100 денари
- обезбедени 4 сета маси и клупи за реализација на групни активности со деца и млади
- поддршката за 52 деца и млади со попреченост, потешкотии во учењето, во социјален ризик и со типичен развој
- анимирани над 600 лица од заедницата
- интеркултурна димензија
- долготраен ефект





































