
јули 1, 2025
Обезбедени 5 електрични апарати за опожарено семејство
Црвен крст на РСМ-Општинска организација Карпош во периодот јануари – мај 2025 година активно се вклучува во националната програма „Црвен крст во акција – Промоција на хумани вредности“ преку која од целата земја околу 1200 младинци на возраст од 13 до 17 години во помали групи изработуваат мали проекти за придонес за добробит во заедницата.
Преку програмата, во ЦКРСМ – ОО Карпош се опфатени 39 ученици на македонски јазик и 24 ученици на албански јазик од 4 средни и 3 основни училишта. Младинците се групираа во 9 групи и успешно реализираа 9 проекти.
Проект „НАДЕЖ ЗА ЕДЕН ДОМ“, проект за обезбедување на електрични апарати за опожарено семејство
- вклучени 7 младинци од СУГС „Никола Карев“
- континуирана акција од 3 месеци
- остварени 684 волонтерски часа
- спроведени 9 повеќедневни хуманитарни собирни активности
- спроведен 1 хуманитарен турнир во фудбал со 15 екипи
- спроведен 1 хуманитарен базар со половна облека
- изработени и подарени 300 рачни изработки (мартинки, алки, честитки, боенки и магнети)
- собрани 80890 денари
- купени 5 електрични апарати (машина за перење облека, шпорет, фрижидер, бојлер и респиратор)
- обезбедена поддршка за семејство со 3 лица
- анимирани околу 1100 лица од заедницата
- долготраен ефект






































