јули 1, 2025

Обезбедени 6 дидактички материјали за ученици од училиштето „Димитар Влахов“

Црвен крст на РСМ-Општинска организација Карпош во периодот јануари – мај 2025 година активно се вклучува во националната програма „Црвен крст во акција – Промоција на хумани вредности“ преку која од целата земја околу 1200 младинци на возраст од 13 до 17 години во помали групи изработуваат мали проекти за придонес за добробит во заедницата.

Преку програмата, во ЦКРСМ – ОО Карпош се опфатени 39 ученици на македонски јазик и 24 ученици на албански јазик од 4 средни и 3 основни училишта. Младинците се групираа во 9 групи и успешно реализираа 9 проекти.

Проект „Да склопиме среќа“, проект за обезбедување на дидактички материјали за ученици со оштетен вид од ПУ „Димитар Влахов“ – Скопје

  • вклучени 7 ученици од СУГС „Георги Димитров“
  • остварени 326 волонтерски часа
  • реализирани 3 повеќедневни хуманитарни собирни активности
  • собирни акции во Градскиот парк – Скопје
  • собрани 8006 денари
  • обезбедени 6 дидактички материјали за учење за ученици со оштетен вид
  • обезбедена поддршка за 15 лица
  • анимирани над 200 лица од заедницата
  • мултиетничка димензија
  • долготраен ефект
< врати се назад