
јули 1, 2025
Обезбедени маси и столчиња за Домот за стари лица „Мајка Тереза“ – Злокуќани
Црвен крст на РСМ-Општинска организација Карпош во периодот јануари – мај 2025 година активно се вклучува во националната програма „Црвен крст во акција – Промоција на хумани вредности“ преку која од целата земја околу 1200 младинци на возраст од 13 до 17 години во помали групи изработуваат мали проекти за придонес за добробит во заедницата.
Преку програмата, во ЦКРСМ – ОО Карпош се опфатени 39 ученици на македонски јазик и 24 ученици на албански јазик од 4 средни и 3 основни училишта. Младинците се групираа во 9 групи и успешно реализираа 9 проекти.
Проект „За пријатни погледи“, проект за обезбедување на опрема во Домот за стари лица „Мајка Тереза“ Злокуќани – Скопје
- вклучени 7 ученици од ООУ „Петар Поп Арсов“
- континуирана акција од 2 месеци
- остварени 499 волонтерски часа
- реализирани 3 повеќедневни хуманитарни собирни активности
- реализирана 1 собирна акција во Зоолошка градина – Скопје
- собрани 35223 денари
- обезбедени 16 маси, 37 столчиња и 1 гарнитура за седење за Домот за стари лица „Мајка Тереза“
- обезбедена поддршка за 63 лица
- анимирани над 700 лица од заедницата
- мултиетничка димензија
- долготраен ефект





































