јули 21, 2022

Обука по прва помош

Во рамките на активностите на полето на првата помош, на 17 јули 2022 година во Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Карпош се реализираше обука по прва помош за младите волонтери во организацијата.
 
Обуката беше спроведена од страна на обучени предавачи и демонстратори по прва помош и на истата 11 волонтери од Клубот на млади имаа можност да се запознаат со основите на првата помош, а преку практичното демонстрирање да се здобијат со знаења за основните постапки значајни за правилно и навремено укажување на првата помош во спасување на човечки живот.
 
< врати се назад