ноември 26, 2021
Обука за користење на социјални медиуми
На 23 Ноември 2021 година во просториите на Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Карпош се реализира обука за користење на социјалните медиуми на кој учествуваа 10 волонтери од Клубот на млади од Општинската организација Карпош.
На обуката која се спроведе од 18:00 до 21:30 часот, учесниците имаа можност преку интерактивни дискусии и презентација да се запознаат со содржината на публикуваниот прирачник ,,Водич за користење на социјални медиуми’’ за волонтери и вработени кои работат со волонтерите во организацијата на Црвен крст.




































