ноември 7, 2022

Обуки по прва помош

Во рамки на Кампањата за промоција на првата помош под мотото „Првата помош спасува живот“ од страна на четири едуцирани врснички едукатори од Црвен крст на Република Северна Македонија-Општинска организација Карпош во октомври 2022 година се реализира 11 обуки по прва помош за 341 ученици од воспитно-образовните институции. Шест едукации се реализираа во основните училишта „Димо Хаџи Димов“-Карпош, „Дрита“- село Рашче и „Бајрам Шабани“-село Кондово во Сарај со кои беа опфатени 51 ученик од IX-то одделение на македонски јазик и 109 ученици од IX-то одделение на албански јазик, а пет едукации во средните училишта „Никола Карев“ и „Здравко Цветковски“ -Карпош со беа опфатени 181 ученик од I-ва до IV-та година.

 

< врати се назад