
Одбележан 24 Март- Светски ден на туберкулозата
Во рамките на активностите за одбележување на 24 Март-Светски ден на туберкулозата под мотото „Време е за свет без туберкулоза“, Црвен крст на Република Македонија-Општинска организација Карпош до основните организации на Црвениот крст во воспитно-образовните институции проследи визулени презентации и препораките за организирање на активностите за одбележување на истата .
На 25 Февруари 2019 година од страна на едуциран волонтер се реализираше едно едукативно предавање за 29 ученици од македонска и ромска припадностса од деветите оддленија во Основното училиште ,,Аврам Писевски,, -Скопје.
Преку визуелна презентација со давање на здравствено- воспитно и превентивни совети целната група на ова предавање имаше можност да се запознае со карактерот и причините на болеста со цел зголемување на свесноста за постоењето на туберкулозата како болест во денешното време, намалување на предрасудите, превенција и достапното лекување за истата.



































