
Одбележување на 10 Октомври – Светски ден на менталното здравје
Црвениот крст на РСМ – ОО Карпош на ден 18.10.2025 г. спроведе работилница на тема „Улогата на психо-социјалната поддршка во намалување на последиците од кризи“ наменета за 37 членови и волонтери од Клубот на млади.
Работилницата имаше за цел запознавање на волонтерите со психо-социјалната поддршка како алатка за намалување на психолошките и социјалните последици од кризи, зајакнување на довербата и соработката меѓу членовите на Клубот на млади и градење на колективна отпорност во услови на кризни ситуации.
Дополнително во рамки Отворениот ден на Клубот на млади одржан минатата недела имаше катче за менталното здравје на кое посетителите имаа можност да направат самоевалуација на својата благосостојба и да се запознаат со активностите на Црвениот крст во оваа област. Катчето имаше за цел промоција на значењето на менталното здравје на индивидуите и заедниците. Отворениот ден беше посетен од 147 ученици од 12 училишта.




































