
Одбележување на 24ти март – Светскиот ден на борба против туберкулозата
По повод одбележување на 24ти март – Светскиот ден на борба против туберкулозата, Клубот на млади на Црвен крст на РСМ – Општинска организација Карпош во месец април 2024 година организираше хуманитарна акција во Градскиот парк. Хуманитарната акција беше спроведена во период од два дена со по две смени на ден и за време на истата беа собирани парични средства, а за возврат на случајните минувачи им беа делени рачни изработки – изработени од волонтерите од Клубот на млади.
Средствата собрани од акцијата беа наменети за обезбедување на 3 инхалатори за Болницата за белодробни заболувања кај децата „Козле“ – Скопје. Во акцијата беа вклучени 12 волонтери од Клубот на млади кои остварија 42 волонтерски часа.
Дополнително, од страна на Црвениот крст на РСМ – Општинска организација Карпош беше спроведена онлајн промоција на наменско подготвените материјали доставени од централната канцеларија на ЦКРСМ и истите беа објавени и споделени на веб страната и профилите на социјалните мрежи на ОО Карпош.




































