март 26, 2025

Одбележување на Јубилеј – 80 години од формирање на Црвен крст на Република Северна Македонија

На 13 март 2025 година во Музејот на Македонска борба – Скопје, Црвениот крст на РСМ – Општинска организација Карпош одржа свечен настан по повод јубилејот – 80 години од формирањето на Црвениот крст на РСМ.

На настанот, Црвен крст nа РСМ на локалните самоуправи им додели jубилејни плакети за посебен придонес во оствaрување на целите и задачите на Црвениот крст, а истите беа врачени на г-дин Стевчо Јакимовски-градоначалник на Општина Карпош, д-р Александар Стојкоски-градоначалник на општина Ѓорче Петров и г-дин Иљас Весели – градоначалник на општина Сарај.

Општините Карпош, Ѓорче Петров и Сарај остануваат доследни соработници и поддржувачи на Црвениот крст и во иднина преку голем број на иницијативи ќе продолжиме заеднички посветено да работиме на промовирање на солидарноста и хуманоста, обезбедувајќи грижа за ранливите категории и создавајќи инклузивна и поддржувачка заедница.

На настанот беа присутни над 160 гости, претставници од локалните самоуправи, директори и професори од основни и средни училишта, претставници од јавни институции, невладини организации, соработници, членови, волонтери и вработени од Црвениот крст. Во организација на настанот поддршка дадоа 20 волонтери од Црвен крст на РСМ-ОО Карпош.

Нека е честит големиот јубилеј!

Годините пред нас нека донесат нови успеси и подобар живот за сите граѓани!

< врати се назад