октомври 21, 2025

Одбележување на Недела на млади

По повод одбележувањето на Неделата на млади, Клубот на млади на Црвен крст на РСМ-ОО Карпош на 14.10.2025 година спроведе „Отворен ден на Клубот“ со цел запознавање на младите со работата и можностите за волонтирање во Црвениот крст.

Во дворното место на Општинската организација во периодот од 11 до 16 часот беа поставени 4 информативни катчиња: за дисеминација и волонтерство, прва помош и крводарителство, за
ментално здравје и зелен волонтеризам и катче за поставување на шатори и истите ги посетија 147 лица- ученици и професори од четирите средни училишта „Орце Николов“, „Здравко Цветковски“, „Никола Карев„ и Математичко-информатичка гимназија и од осумте основни училиошта „Петар
Поп Арсов“, „Димо Хаџи Димов“, „Братство“, „Аврам Писевски“, „Христијан Тодоровски Карпош“, „Вера Циривири Трена“, „Јан Амос Коменски“ и „Владо Тасевски“. Вкупно 27 млади лица изразија желба за волонтирање во Црвениот крст и пополнија пристапници за волонтирање.

Во рамки на Неделата во средните училишта беа поставени постери со вчитан QR код со линк како можност за пријавување на нови потенцијални волонтери.

< врати се назад