
април 26, 2025
Одбележување на Неделата на хигиенизација
Црвен крст на РСМ – Општинска организација Карпош ја одбележа Неделата на хигиенизација преку одржување на четири едукативни предавања на тема промоција на хигиена со кои беа опфатени 128 деца од предучилишна возраст и ученици од одделенска настава од една градинка и едно основно училиште.
Целта на предавањата беше подигнување на свеста за значењето на хигиената во зачувување на здравјето, хигиенски практики и правилно однесување на секоја индивидуа. Тоа се постигна преку дискусија за личната хигиена, хигиената во домот и во училиштето.
