
Одбележување на Неделата на млади 2026 година
По повод одбележувањето на Неделата на млади, Клубот на млади на Црвен крст на РСМ – ОО Карпош на 14.10.2026г. спроведе Отворен ден на Клубот со цел запознавање на младите со работата и можностите за волонтирање во Црвениот крст. Отворениот ден беше од 10:30 до 16 часот во дворот на објектот со поставување 5 инфо-катчиња:
- дисеминација,
- прва помош,
- крводарителство,
- социјално-хуманитарна дејност и
- поставување на шатори.
Настанот го посетија 204 лица- ученици и професори од 10 основни и 7 средни училишта меѓу кои: СУГС „Георги Димитров“, „Здравко Цветковски“, „Орце Николов“, „Никола Карев“, „Лазар Танев“, „Кочо Рацин“, „IPS Macedonia“, ООУ „Петар Поп Арсов“, „Димо Хаџи Димов“, „Братство“, „Аврам Писевски“, „Христијан Тодоровски Карпош“, „Вера Циривири Трена“, „Јан Амос Коменски“, „Војдан Чернодрински“, „Владо Тасевски“ и „Димитар П.Ѓ. Беровски“.
Во рамки на Отворениот ден се спроведе и младински форум со тројца говорници посветен на волонтерството на кој учество земаа 45 ученици. Во подготовките и организацијата на активностите се вклучија 24 волонтери кои остварија 202 волонтерски часа.





















































