декември 20, 2024

Одбележување на Неделата на солидарност

Црвениот крст на РСМ – Општинска организација Карпош по повод одбележувањето на „Неделата на солидарност“ под мотото „Вашиот прилог – значајна помош“ спроведе неколку активности за помош и поддршка на ранливи категории граѓани.

1. Хуманитарна акција во Градски парк Скопје каде волонтерите поделени по двајца во смени им приоѓаа на случајните минувачи кои имаа можност да донираат парични средства, а за возврат да добијат симболични подароци – рачни изработки.  Од собраните парични средства се обезбедија прехрамбени производи.

2. Собирна акција на прехрамбени производи во основните училишта „Владо Тасевски“ и „Јан Амос Коменски“ преку која се собраа 586 кг храна и хигиена

3. Акција за подготовка на 130 топли оброци за 130 бездомни лица во соработка со НВО „Љубезност“ Скопје. Во акцијата беа вклучени волонтерите од Клубот на родители на ЦКРСМ-ОО Карпош.

Во рамки на активностите:

-се обезбедени вкупно 882 кг хуманитарна помош во храна, хигиена и облека

-подготвени се 55 пакети со храна кои се поделени на 55 семејства во социјален ризик

-подготвени се 20 комплети со облека  кои се поделени на 20 лица во социјален ризик

-вклучени се вкупно 22 волонтери кои оствариле вкупно 86 волонтерски часа

< врати се назад