
јуни 22, 2026
Одбележување на Неделата на солидарност
Црвениот крст на РСМ – Општинска организација Карпош во периодот април – мај 2026 година ја одбележа „Неделата на солидарност“ чија цел е намалување на ранливоста на лицата во социјален ризик.
Во рамки на Неделата, во 8 училишта се спроведоа собирни акции за собирање на парични средства со цел обезбедување прехрамбени производи.
Во акцијата се вклучија училиштата:
- ООУ „Јан Амос Коменски“
- ООУ „Петар Поп Арсов“
- ООУ „Лазо Трповски“
- ООУ „Христијан Тодоровски Карпош“
- ООУ „Димо Хаџи Димов“
- ООУ „Братство“
- ПУ „ИПС Македонија“
- ПУ „Јахја Кемал“
„Неделата на солидарност“ во БРОЈКИ:
- опфатени 8 училишта и 4500 ученици
- собрани 136.989 денари
- обезбедени 2105кг прехрамбени производи
- подготвени 190 хуманитарни пакети
- опфатени 810 лица во социјален ризик
Црвениот крст на РСМ – Општинска организација Карпош изразува исклучителна благодарност до сите директори, воспитно-образовен и техничко-административен кадар, учениците и родители за поддршката во остварувањето на оваа хуманитарна и благородна мисија.













































