октомври 6, 2026

Одбележување на Светскиот ден на прва помош

Во рамките на одбележувањето на 12 септември – Светскиот ден на првата помош, Црвен крст на РСМ – Општинска организација Карпош реализираше повеќе активности во насока на подигнување на свеста за значењето на првата помош како животоспасувачка вештина.

По повод одбележувањето, доделени се сандачиња за прва помош опремени со основни медицински средства за брза интервенција во 8 објекти на основните училишта во Општина Ѓорче Петров.

Клубот на млади спроведе отворен интерактивен онлајн квиз по прва помош кој го пополнија 192 лица со постигната просечна успешност од 81,80% и 28 максимални резултати (100%).

На 24 септември 2026г. беше спроведено едукативно предавање за основни познавања од прва помош за 37 ученици во ООУ „Војдан Чернодрински“.

< врати се назад