септември 26, 2025

Одбележување на Светскиот ден на првата помош

По повод одбележување на Светскиот ден на првата помош под мотото „Прва помош и климатски промени“, Црвениот крст на РСМ – Општинска организација Карпош спроведе активности за промоција на првата помош помеѓу населението во локалните заедници.

На покана на организаторот на фестивалот „Еволуција на сонот“ кој се одржува во рамки на Културното лето на општина Ѓорче Петров, Црвениот крст Карпош постави промотивен пункт за реалистичко прикажување на некои повреди меѓу кои и белодробното оживување. Пунктот беше поставен од 11 до 13 септември 2025 година од 20 до 00 часот во паркот во Ѓорче Петров и истиот беше посетен од над 200 случајни минувачи-посетители. Во оваа активност беа вклучени 8 волонтери и 2 вработени лица од Црвен крст Карпош.

< врати се назад