
Одбележување на Светскиот ден на првата помош
Светскиот ден на првата помош се одбележува секоја година во втората сабота во септември, почнувајќи од 2003 година. Неговата цел е да ги потсети луѓето дека првата помош е витална вештина, достапна за секого и неопходна за спасување животи ширум светот. Познавањето на основните техники за прва помош помага да се намалат страдањето и сериозноста на повредите, ја подобрува подготвеноста за справување со катастрофи и овозможува поефикасно реагирање во итни ситуации.
Оваа година Светскиот ден на првата помош се одбележува на 12 септември 2026 година и е посветен на темата: Прва помош и миграции.
Патувањата поврзани со миграцијата често ги изложуваат луѓето на опасни рути, несигурни услови за живот и значителни пречки во пристапот до здравствена заштита и основни здравствени услуги. Кај голем број луѓе може да дојде до влошување на здравствената состојба во текот на миграцијата. Оддалечените средини со ограничена инфраструктура и недостиг на медицински материјали и опрема, како и со мал пристап до напредна медицинска грижа, можат да придонесат и навидум малите повреди да прераснат во хронични или животозагрозувачки состојби. Обезбедувањето ефикасна прва помош за оваа популација е од витално значење.
Во продолжение следи извадок од едукативниот флаер за постапување при исеченици и гребаници





































